Претресите се во Скопје – Паднаа инспектори од УЈП, сметководители, директори и бизнисмени

Од:

Полицијата во координација со ОЈО ГОКК утрово на повеќе локации врши претреси, а има и приведени повеќе лица, потврдија за А1 од МВР.

Како што дознаваме претресите се сите во Скопје и околината на скопско, а меѓу уапсените има и инспектори од УЈП, екс директор, сметководители и бизнисмени. Неофицијално дознаваме дека се работи за над 10 лица, но од МВР и Обвинителството официјални информации најавуваат дури откако ќе завршат претресите и акцијата. А се со цел да се избегне одредени лица да уништат докази или да се дадат во бегство.

Акцијата се одвивала подолго време од страна на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во МВР. Осомничените како што дознаваме се товарат за повеќе дела – „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба“, „затајување на данок и перење пари“. Но се уште нема детали кој од уапсените за кое дело ќе се товари.

Според некои информации групата го оштетила буџетот за околу 1 милион евра. А осомничени освен физички лица се и фирми кои учествувале во затајувањето.

Според непотврдени информации уапсени се и екс заменик директорот на УЈП, функционер на ДУИ Исмет Гури. Минатата недела Гури беше осуден на 3 и пол години затвор за изборни злоупотреби во случајот Титаник 3.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“