Пресудата за „мерцедесот“ на Јанкулоска на преиспитување пред врховните судии

Од:

Ако нема дополнителни промени во распоредот, судиите Фаик Арслани, Џемали Саити, Африм Фидани, Снежана Бајлозова и Јелица Крстевска месецов треба да одлучат за вонредното преиспитување на затворската казна за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за набавката на „мерцедесот“, дознава „А1он“.

В.Д. претседателот на судот, Фаик Арлсани двапати одби да одговори на нашите прашања. Првин рече дека чека официјално да ја преземе должноста, но потоа не одговори на пораката.

Арслани пред жалбите во Судскиот совет дека нема доволно судии во највисокиот суд, направи промени во распоредот на судиите, а тоа се однесува и на кривичниот совет кој треба да одлучува дали ќе ѝ ја прифати или одбие жалбата на Јанкулоска. Ова следува откако беа разрешени судиите Јово Вангеловски и Рахилка Стојковска кои беа членови на кривичниот совет.

Во јуни Врховниот суд ѝ го прифати барањето на Јанкулоска за вонредно преиспитување на пресудата и ѝ го одложи издржувањето на затворската казна. Судијката Добрила Кацарска првично ја осуди Јанкулоска на шест години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Апелацискиот суд ѝ ја намали казната на четири години.

Извршувањето казната беше одложено бидејќи бебето на Јанкулоска немаше наполнето една година. Во меѓувреме, Врховен го прифати нејзиното барање за преиспитување на пресудата со времена мерка за одлагање на извршувањето на казната, дури судиите не одлучат за пресудата.

На ист начин од затворска казна се спаси поранешниот премиер и министер Владо Бучковски, кога Врховниот суд го одложи издржувањето на затворската казна, а потоа случајот го врати на повторно судење.

Би можело да ве интересира

Гордана Јанкуловска излезе од затвор

Јанкуловска од 1 ноември на условен отпуст, Апелација и ја уважи жалбата

Средба на Мицкоски со Јанкулоска: Неправдата никогаш не нè скршила!

Горан Наумовски

За Мијалков призна дека е привилегиран, за замолчувањето на Боки 13 ги компромитира Маричиќ и Тупанчески, за Јанкулоска признава дискриминација – интервју со директорот за санкции

Кристијан Ландов

Двојни аршини: Мијалков привилегиран и во затвор, правилата за затворениците – не важат и за него

Кристијан Ландов

Сопругот и адвокат на Јанкулоска: Нејзина главна мотивација е да се утврди кој прислушувал

Кристијан Ландов