Двојни аршини: Мијалков привилегиран и во затвор, правилата за затворениците – не важат и за него

Од:

Ексминистерката Гордана Јанкулоска осудена за „Мерцедесот на Груевски“, против која се водат две постапки, не може да оди на викенди како поволност што ја нуди законот. Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, ужива погодности, на слобода славеше и Нова година, а против него се водат пет постапки.

Јанкулоска три години издржа во затвореното одделение во затворот „Идризово“, а Мијалков е сместен во струшкиот затвор во најлибералното отворено одделение. Јанкулоска никогаш не беше недостапна за правосудните органи. По Мијалков трагаше полицијата поради сознанија дека подготвува бегство. Ваков е третманот што го добиваат овие двајца затвореници, а ги покажува погодностите што ги ужива ексшефот на УБК наспроти ексминистерката иако, ако се следат истите правила – Мијалков немаше да може да оди на викенди.

Споредбата што ја направи „А1он“ покажува дека Мијалков со потешки околности има повеќе погодности отколку Јанкулоска, која има полесни околности. Ова е само еден од низата случаи до кои дојдовме, а кои покажуваат дека законите не важат еднакво за сите затвореници. На Јанкулоска не ѝ се дозволува да користи викенди бидејќи против неа се води друга постапка. Ова правило не важи за Мијалков против кого се водат пет паралелни постапки. Тој ги користи привилегиите без проблем уште еден месец по влегувањето во струшкиот затвор да ја издржува казната. Привилегиите на затворениците се овозможуваат според куќниот ред, кој важи за сите еднакво.

Привилегиите на Мијалков му беа овозможени иако кога почна со издржување на затворската казна во Струга за предметот „Империја“, за кој доби три години, имаше и други пресуди со кои беше неправосилно осуден над 20 години затвор. И во тие моменти тој бил класифициран во групата А, што значи дека затворската управа сметала дека тој не може да се даде во бегство. Јанкулоска е сместена во групата В2 и за неа важат строги мерки иако таа е осудена на четири години, а против неа се води уште само уште една постапка. „А1он“ во низа наврати има побарано објаснувања за нелогични безбедносни процени, но управите на затворите никогаш не споделуваат детали и ги кријат.

Оваа споредба е само една од десетиците, а која покажува дека Мијалков ужива привилегии, кои на други затвореници не им се овозможуваат, дури и кога имаат и помали казни, помалку постапки, издржано дел од казните како што налага законот.

„А1он“ во низа наврати прашуваше, но не доби одговор како Мијалков, против кого се водат пет постапки, е сместен во отвореното одделение во струшкиот затвор и притоа користи погодности, а може да биде и работно ангажиран. Се обидовме да стапиме во контакт и со директорот на „Идризово“, Шпенд Тахири, за тоа зошто не ѝ овозможува на Јанкулоска погодности, но тој не одговори на повиците.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Гордана Јанкуловска излезе од затвор

Јанкуловска од 1 ноември на условен отпуст, Апелација и ја уважи жалбата

Средба на Мицкоски со Јанкулоска: Неправдата никогаш не нè скршила!

Горан Наумовски

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска