Гордана Јанкуловска излезе од затвор

Од:

По три години и еден месец ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“.

Одлуката ја донесе Апелациониот суд, а излегувањето од затвор е со условен отпуст, но  нема да се врати во затворските ќелии ако до идниот октомври не направи ново кривично дело.

Во одлуката на судот стои дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори: Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше на издржување затворска казна во КПУ – Идризово. Осудена беше на четири години затвор за предметот „Тенк”, во септември 2020 година.

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он

Пронајдена дрога при претрес во прилепско: Затвореници развиле бизнис со препродавање наркотици

А1он