Премиерот и министрите на трибини ќе убедуваат колку е убаво во ЕУ: Почнува кампањата од 80.000 евра

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на плоштадот Јадран (кај Арапска куќа) во Скопје, ќе ја отвори првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ со која Владата ќе ги убедува граѓаните колку е значајно членството на Македонија во ЕУ со проект кој ќе чини 80.000 евра.

Со овој настан официјално започнува кампањата „Ние сме Европа“ која ќе се реализира во 8 градови низ државата и тоа: Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип, кои ќе имаат конкретна тематска област, односно економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика. Во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ, велат од Секретаријатот за европски прашања.

Со новата кампања ,,Ние сме Европа‘‘ Владата ќе се обиде да го совлада евроскептицизмот кај мнозинството граѓани и да ги убеди дека единствен избор за иднината на државата е ЕУ.

Опозицијата ја искритикува кампањата како залудно трошење на 80.000 евра за плагијат и расфрлање на народните пари.

Дел од реакциите на социјалните мрежи се дека скапо платената промоција на работи кои се веќе видени и слушнати уште повеќе ќе го зголеми народното незадоволство во услови на економска криза.

Премиерот Димитар Ковачевски ги отфрли критиките дека со кампањата „Ние сме Европа“ се испумпуваат пари од буџетот за убедување на граѓаните за уставните измени.

„Тоа се планирани пари во Буџетот на СЕП и се работи за комуникациска кампања со граѓаните со цел да можат да бидат презентирани придобивките од зачленувањето во ЕУ и да биде презентиран процесот на водење на скринингот со ЕУ и што е она што следува понатаму“, вели Ковачевски.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ смета дека преку кампањата „Ние сме Европа“ ќе го смени мислењето на граѓаните и ќе ги убеди дека најдобар избор за иднината на државата е зачленувањето во ЕУ.

Владината кампања „Ние сме Европа“ ќе започне на 30 август и ќе трае десет дена во кои ќе бидат организирани повеќе трибини во низа градови во државава.

Би можело да ве интересира

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски

Орбан: Пристапувањето на Украина во НАТО би довело до војна Европа и би запалило „буре барут“

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии

ЕУ ја критикува состојбата во Газа, но нема да го прекине трговскиот договор со Израел

26 од 27 членки на ЕУ ги поддржуваат заклучоците за Украина

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски