Прекршочни пријави за обвинителите на СЈО – не ги пријавувале надоместоците

Од:

Антикорупциската комисија на денешната седница отвори предмет за проверка ма анкетните листови на поранешните обвинители на СЈО.

Како што стои во соопштението, поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за тоа, по надминување на вредност од 20 просечни плати, а не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно на член 85 од Законот за спречување на корупцијата.

Тргнувајќи од наведеното, ДКСК заклучило да поведе прекршочна постапка за Катица Јанева, Фатиме Фетаи,Елизабета Јосифоска,Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе.

Единствено обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, навремено ги пријавувала надоместоците во својот анкетен лист.

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски