Предлог казни од по две и пет илјади евра за организација на прослави во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против три физички и од 5 000 евра против едно правно лице за организација на масовни собири во Скопје.

Првите двајца обвинети, татко и син од Скопје, на 13 септември во дворот на семејната куќа организирале приватен собир – веридба, на која присуствувале 30 гости.

– Со ова тие постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот КОВИД-19, согласно кои се забранува одржување на масовни собири и настани на отворен и затворен простор, се вели во соопштението од ОЈО.

Третиот обвинет, како основач и управител на обвинетото правно лице – угостителски објект, на 3 октомври, постапил спротивно на забраната за организирање прослави – свадби во отворениот и затворениот дел од објектот и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана.

– Тој во објектот дозволил да се организира настан – свадба на која биле присутни околу 90 лица, со што го довел во опасност животот и здравјето на луѓето. Настанот бил утврден при контрола и надзор од страна на овластени лица од Државниот пазарен инспекторат, информираат од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители за обвинетите физички лица предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. За обвинетото правно лице, пак, на Основниот кривичен суд му е предложено да изрече парична казна од 300.000 денари.​​

Казнениет налози се за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Струмичани славеле роденден и се фалеле на Фејсбук, добија кривични пријави

Жарко Настоски

Уапсени десетмина жители на селото Орман, полицијата ги затекнала околу коледарски оган

Жарко Настоски

Полицијата затвори кафеана полна со гости во гостиварско Неготино, уапсени газдата и брат му, кој ја скинал пломбата

Жарко Настоски

Полицијата и пазарните инспектори вчера влегле во 300 скопски кафеани, приведени тројца сопственици

Жарко Настоски

Пазарна ќе го затвори „Сити мол“ ако се повтори бенд во живо да ги забавува посетителите

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Кафеаните затворија, „Сити мол“ се преполни

Маја Илиевска-Пачемска