Познат скопски ресторан издава фискални сметки на руски јазик

Од:

Фискална сметка на руски јазик и потпишан келнер „Бетмен“ им била дадена на муштерии во познат ресторан во Дебар Маало во Скопје. На фискалната сметка до која дојде „А1он“, а која изнесува 310 денари, се гледа дека муштериите вчера пиеле нес кафе и макијато и јаделе пекарски компир. Тоа е напишано на македонски јазик, а сето останато на руски.

Претпоставките се дека станува збор за непрокнижени пари и неевидентиран промет со цел да се избегне плаќањето данок и дека ваквите сметки се делат редовно во ресторанот, особено кај пониски суми кога често посетителите не ги погледнуваат пред да ги платат.

Ова не е ваков единствен случај. Контролите на Управата за јавни приходи често често покажуваат неправилности. Во 2018 година, од вкупно спроведени 7.148 контроли за фискализација, 826 биле со утврдени неправилности во најголем дел кај обврзници во Скопје, но и во други градови како Прилеп, Битола, Струмица, Штип, Кочани, Куманово…

При контролите за фискализација, најчести утврдени неправилности се неиздавање на фискални сметки, односно користење на компјутерски сметки/маркери како замена за фискална сметка.

Освен овој невообичаен начин со руско – македонски сметки, многу угоститетели употребуваат и други начини за да го избегнат плаќањето на данокот од 18 отсто, па така на пример на муштериите што нарачуваат за јадење во ресторанот, им го наплатуваат како да го нарачуваат за носење, за што даночната стапка е 5 отсто.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов