Од овој петок, по тримесечна пауза ќе продолжи да излегува од печат неделникот „Фокус“.
Во „Фокус“ продолжува да работи добро познатата новинарска екипа, предводена од главниот и одговорен уредник Јадранка Костова.
„Ќе ја задржиме истата уредувачка политика по која Фокус е препознатлив, и ќе се обидеме да ја продолжиме мисијата на Никола Младенов, „на креирање општество на слободни луѓе, а не збирштина од безрбетници“, велат од „Фокус“.