А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Повелбата за солидарност бара одложување на плаќањето придонеси за хонораците

by А1он04/12/2014 - 12:0704/12/2014 - 12:42184
Share0

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права бараат да се одложи плаќањето на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарците бидејќи сметаат дека тоа дополнително ќе ги намали правата на работниците.

Добивај вести на вибер

Во денешното соопштение тие наведуваат дека не се против тоа да се плаќаат придонеси за хонорарците, туку оти не се убедени дека законските измени што ќе стапат на сила од 1 јануари 2015 година ќе го решат проблемот со правата од пензиско и здравствено осигурување.

Според нив, законските измени ќе ги поттикнат работодавачите наместо договори за вработување, да склучуваат договори за дело со нововработените лица, дури и со веќе вработените работници.

– На тој начин, тие ќе си ги исполнат финансиските обврски кон државата (плаќање придонеси од плата и персонален данок), но ќе заштедат на грбот на работниците врз основа на неисплата на надоместоци за годишен одмор, надоместоци за боледување, задолжителни систематски прегледи, отпремнини за вработените кои ги отпуштаат и друго, се вели во соопштението.

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите  и здруженијата за заштита на работничките права бараат и Инспекторатот за труд преку засилени контроли да ги отстрани случаите на прикриен работен однос.

danocihonorari

Би можело да ве интересира

Трамп се закани со нови царини за кинеските стоки – стапката може да достигне и до 104 отсто

Предраг Петровиќ07/04/2025 - 21:2907/04/2025 - 21:29

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on25/05/2023 - 14:33

Со системот на е-даноци нема да има човечки фактор при собирање на данокот, вели вицепремиерот Николовски

Катерина Ѓуровски10/03/2021 - 15:52

Правните лица кои ќе донираат преку Solidarnost.gov.mk ослободени од данок и со олеснета постапка

Ана Ололовска31/07/2020 - 12:0431/07/2020 - 12:04

ВИДЕО: Даночните реформи на Тевдовски како во времето на Хрушчов

Ана Ололовска05/11/2018 - 15:5606/11/2018 - 08:38

Соработка на даночните институции на Македонија и на Србија

Емир Латифовиќ17/11/2016 - 16:1318/11/2016 - 08:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен