Поранешен директор на ЕЛЕМ и уште две лица на прво судење за случајот „Тарифа“

Од:

Дејан Бошковски, поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ и уште други две лица утре седнуваат на обвинителна клупа во во случајот на специјалното јавно обвнителство, наречен „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу 4 милиони евра.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП Систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Бошковски е инаку сопруг на Билјана Бришкоска Бошковска, поранешна заменичка на министерот за правда. Кривичниот суд во овој предмет ги прифати и бомбите како докази во постапката. Предметот ќе го суди судијката Верка Петковска, која го судеше случајот за настаните од кумановско „Диво Насеље“.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ