Поповска: Секогаш сум била самостоен пратеник

Од:

Пратеничката и претседател на Демократската обнова на Македонија, Лилјана Поповска во изјава за А1он вели дека останува во владината коалиција предводена од СДСМ. Таа вели дека ниту еднаш досега не била во пратеничката група на партијата со која била во коалиција, туку секогаш била независен пратеник, пракса, која според неа, ја имаат сите зелени партии во другите парламенти.

– Секогаш сум била самостоен пратеник, никогаш не сум била во пратеничка група на партија со која сме биле во коалиција. И кога бевме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ бев самостоен пратеник. Позициите на ДОМ се знаат, ние сме и ќе останеме во владејачката коалиција. Ние три години сме заедно на улиците, а во владината програма има дел и од програмата на ДОМ, вели Поповска.

Според неа, сега е време за сериозни политики, а некој со ова се обидува да прикаже слика дека владејачкото мнозинство е нестабилно. Вели, се изјаснила позитивно за реформските приоритети, како и за целите кои ги има новата Влада, со што останува нејасно зошто се гледало негативно на одлуката на ДОМ.

– Никогаш досега не било проблем тоа што не сум била дел од пратеничката група на коалициониот партнер. Сега јас и Маја Морачанин одлучивме да постапуваме онака како што сум постапувала досега. Јас сум сериозен политичар со долго искуство, секоаш отворено кажувам доколку има некаков проблем, изјави Поповска за А1он.

Таа вели дека со овој потег оставаат простор да реагираат на некои процедури без да му наштетат на владејачкото мнозинство, но рече, во јавноста не треба да има никаков сомнеж дека тие се согласуваат со политиките на мнозинството.

Во пратеничката група предводена од СДСМ влегоа сите коалициони партнери со кои излегоа заедно на изборите, освен пратеничките на ДОМ. Пратенички групи формираа и ДУИ и Движењето БЕСА, но не и ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е прв пат партија од владејачкото мнозинство да не влезе во парламентарната група на коалициониот партнер. Претходно, иако беа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Демократскиот сојуз на Павле Трајанов и Социјалистичката партија на Љубиша Иванов – Ѕинго не беа дел од пратеничката група на партијата, но подоцна, тие влегоа во пратеничката група на тогашната власт.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски