Попоски, Спасовски, Јолевски: Членството во НАТО и ЕУ нема алтернатива

Од:

Република Македонија нема друга алтернатива и уште поцврсто ќе продолжи со реформите на нејзиниот евроатлантски пат – членството во НАТО и во ЕУ, а се покажа како доверлив и кредибилен партнер во решавањето на мигрантската криза.

Ова е заедничкиот став на министрите за надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи, Никола Попоски, Зоран Јолевски и Оливер Спасовски, кои говореа на денешната конференција „Влијанието на глобалните безбедносни предизвици врз Европа и Западниот Балкан и начините за справување“, во организација на Секретаријатот за европски прашања како дел од проектот „Одржлив систем за ЕУ обуки“ финансиран од страна на Кралството Норвешка.

Тероризмот, хибридните закани, економската нестабилност, климатските промени, несигурноста во делот на енергетското снабдување имаат влијание врз секоја земја и од тој аспект, истакна во обраќањето министерот Попоски, потребно е да соработуваме и со нашите соседи и партнери во рамки на ЕУ за справување со сите овие закани. Мигрантската криза уште еднаш потврди дека на ниту една од овие закани не може соодветно да биде одговорено, рече, од само една земја во регионот или во поширокото опкружување.

– Македонија како земја која се уште не е членка на ЕУ, ниту дел од Шенген договорот успева на прилично успешен начин да се соочи со овие предизвици, во многу сегменти на подобро ниво од некои земји кои се дел од тој систем. Но, конечниот успех ќе зависи од нивото на соработка кое ќе одржуваме со останатите земји во нашиот регион. Тоа ќе ни помогне да се ослободиме од тоа  да бидеме перципирани од европските партнери како достоен партнер, како чинител кој помага во решавање на проблемите, потенцира шефот на македонската дипломатија.

Во глобалната стратегија за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, нагласи Попоски, се размислува за Македонија како за рамноправен партнер, без кој не е можна ниту безбедноста, ниту просперитетот во рамки на  ЕУ. – Ова е дополнителна мотивација за наше поголемо поврзување со безбедносните структури во рамки на ЕУ и за поголем интензитет на размена на информации, подобри обуки на нашите државни службеници и подготовка за она што следи, подвлече министерот за надворешни работи.

Министерот Спасовски нагласи дека безбедносните предизвици во актуелните глобални геостратешки, но и економски контексти бездруго ја бараат целосната наша посветеност.

– Кога лани ова време низ балканската миграциска рута, во која Република Македонија беше еден од клучните транзитни правци, секојдневно минуваа десетици илјади несреќници од загрозените подрачја, секому овде на Балканот, но и во Европа, му стана јасно дека парцијално решение за таа криза е невозмозно. Не заради тоа што на пример, Македонија е мала држава со скромни капацитети, туку заради фактот што независно од големината и институционалната подготвеност на која и да е држава, таа сама нема никаква шанса против миграција со таков обем и специфики, рече Спасовски.

Тој додаде дека затоа беа преземени низа заеднички мерки, чиј краен исход беше солидарно дејствување, меѓусебна тесна соработка во заштита на безбедноста на граѓаните не само во матичните држави, туку на сите граѓани на Европа.

– Безбедноста на западна Европа зависи и од безбедноста на западниот Балкан. И во тие нови околности мораме секој од нас да ја сподели одговорноста за безбедноста и мирот на нашите граѓани. Генерално геополитичките и економски случувања не оставаат простор за комоција, за недејствување. Напротив, нестабилноста што се протега од северна Африка, преку Блискиот и Среден Исток па се до источните граници на ЕУ, и тоа како не предупредува на итна неодложна и заедничка акција, истакна министерот Спасовски.

Спасовски порача дека земјите од западниот Балкан мора уште поинтензивно и во тесна координација и поддршка од Европската унија да работат на устројување на демократските, нормативните и институционални капацитети, чиишто бенефити ќе бидат подеднакво во полза на граѓаните од државите на западниот Балкан, но и на граѓаните од секое делче на Европа.

– Европската унија пак ќе мора уште поинтензивно и поодговорно да се зафати со конципирање на нови одговори кон сите политички и безбедносни предизвици притоа динамизирајќи го и заокружувајќи процесот на целосно интегрирана Европа, без никакви исклучоци и задршки. Непостоењето на стабилност и интегрираност е голема, недопустлива слабост наспроти предизвиците пред кои што сме исправени, посочи министерот за внатрешни работи.

Повтори дека Република Македонија, како претходно така и во иднина ќе остане цврсто и непоколебливо на интегративниот евро-атлантскиот пат.

Според министерот Јолевски, Република Македонија даде сериозен придонес во надминувањето на предизвиците од мигрантската криза. истакна дека е значајно Европа да има сеопфатна стратегија за тоа како да се соочува со предизвиците во поглед на овој мигрантски бран, што беше закана за безбедноста после дведецениска стабилност на еворпскиот континент.

– Напредокот на Република Македонија во интегративните процеси во НАТО и во ЕУ ќе придонесе за зајакнување на стабилноста не само на РМ, туку и на регионот и пошироко, истакна меѓу другото Јолевски.

Придонесот на Македонија во мировните мисии во Авганистан и во Босна и Херцеговина, оцени тој, покажува дека оти сме сериозен партнер на меѓународната заедница во воспоставувањето мир и безбедност вои светот, а од друга страна македонските војници се стекнуваат со огромно искуство.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО