Полицијата во станот на Јанкулоска, ќе ја спроведуваат во затвор

Од:

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска доби упатен акт од судија за извршување на санкции за да биде спроведена во затвор, дознава „А1он“. Ова следува откако Врховниот суд одлучи да и ја потврди четиригодишната затворска казна на Јанкулоска, изречена во предметот „Тенк“ за набавката луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Конечната одлука за казната на Јанкулоска, судот е донесена пред десет дена, од кога почна да се изработува и одлуката, која писмено била доставена до Кривичниот суд. Сега, Јанкулоска со полициска асистенција ќе биде спроведена во затвор.

Ексминистерката Јанкулоска беше осудена на шест години затвор, а пак, Апелациониот суд и ја намали казната на четири години. На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост.

Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај веќе е осуден на две години ефективна затворска казна, а помошникот во министерството Ѓоко Поповски доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор на скопска Апелација.

Јанкулоска во завршните зборови на судењето побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да влијае и да врши притисок.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гордана Јанкуловска, која денес се претставува како жртва, беше дел од системот што години наназад ги кршеше човековите права

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Гордана Јанкуловска излезе од затвор

Јанкуловска од 1 ноември на условен отпуст, Апелација и ја уважи жалбата

Средба на Мицкоски со Јанкулоска: Неправдата никогаш не нè скршила!

Горан Наумовски