Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

Од:

Турската одбранбена компанија БМЦ го иницираше сериското создавање на првиот домашно изработен основен борбен тенк „Алтај“, кој е опремен со мотор „BATU“ со моќност од 1,500 коњски сили, објавија од компанијата.

По повеќегодишни тешкотии во процесот на развивање на сопствен мотор, БМЦ успешно го надмина проблемот кој произлезе од санкциите за увезување на софистицирана воена технологија, пренесува Анадолија.

Претседателот на БМЦ, Фуат Тосјали, изјави дека изработката на тенкот „Алтај“ претставува исполнување на долгогодишната визија на Турција.

„Моторот ‘BATU’ може да помине 10,000 километри, а нашата фабрика веќе започна масовно производство по поставувањето на темелите минатата година” рече Тосјали.

Тој исто така додаде дека тенкот ќе ги задоволи барањата на турската армија, како и на земјите сојузници.

Претседателот на Турската агенција за одбранбена индустрија, Халук Горѓун, нагласи дека агенцијата дала голема поддршка за проектот, во кој бил вклучен и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Илјадници Турци протестираа во Истанбул поради затворање медиуми блиски до опозицијата

Судот ја поништи дипломата на Имамоглу, сериозен удар за неговите претседателски амбиции

Ататурк останува најпопуларен меѓу Турците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција

А1он

Ердоган соопшти нови податоци по страшната експлозија во Турција – 16 лица ги загубија животите

А1он

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во експлозија која се случи во челичарница во Измир

Горан Наумовски