А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Полицијата не може да го најде судијата Панчевски – неизвесно рочиштето за местењето предмети

by А1он20/10/2019 - 14:5321/10/2019 - 17:321043
Share1

Неизвесно е дали утре во велешкиот суд ќе започне судењето за злоупотребите со АКМИС системот во скопскиот кривичен суд. Причина за тоа е што судот не може да го лоцира обвинетиот и суспендиран поранешен претседател на скопска единица, Владимир Панчевски, дознава „А1он“.

Добивај вести на вибер

Биле направени повеќе обиди на Панчевски да му се врачи поканата за судењето на адресата од обвинителниот предлог и на другите адреси каде што тој има станови, но тоа било безуспешно. Во анкетниот лист тој пријавил 7 стана и една куќа во Скопје.

Панчевски е обвинет дека ја злоупотребил службената положба и овластување. Предметот треба да се води по скратена постапка, а за делото му се заканува затвор до три години.

Судскиот совет неодамна го суспендира Панчевски поради непрофесионално и несовесно извршување на судиската функција, а тој поднесе жалба на ваквата одлука. Обвинителството го товари  Панчевски дека рачно местел предмети на подобни судии, додека тој беше на чело на скопскиот суд.

„Обвинетиот како претседател на Основниот кривичен суд, влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на овластувањата“, соопшти скопското Обвинителство.

akmisvladimir pancevski

Би можело да ве интересира

Лога за „А1он“: Надзор кај Нанев поради сомнежи за манипулација со АКМИС системот

Александар Тодески10/11/2023 - 11:0110/11/2023 - 11:02

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Горан Наумовски16/09/2023 - 10:10

Судски предмети се чувале во подруми: Надзорот откри пропусти на Судскиот совет

A1on31/08/2023 - 09:50

Судијата Владимир Панчевски влезе во затворот во Шутка да си ја одлежи казната

Кристијан Ландов28/07/2022 - 19:2728/07/2022 - 20:07

Врховниот суд му ги одби барањата на Панчевски за да се преиспита дали треба да оди во затвор

Кристијан Ландов13/07/2022 - 13:5613/07/2022 - 13:56

Панчевски е среќник: Пресудата укината поради причина која судиите ретко ја ценат

Кристијан Ландов16/02/2022 - 20:0416/02/2022 - 20:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен