Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло

Од:

Денеска (16.02.2023) во село Визбегово, скопско, полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција при МВР во координација со претставници на Царинската управа, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во три отпади за половни возила, сопственост на Р.З. од с.Визбегово, И.А. од Скопје и С.А. од с.Визбегово.

При контролата е констатирано дека сите три отпади работат без регистрирана дејност, односно фирма во Централниот регистар, без дозвола за работа од Министерството за животната средина и природата, а биле затекнати и повеќе различни типови нецаринети возила со странско потекло.

За сите констатирани недостатоци, против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Недостигаат 340 пожарникари на ниво на Македонија, се возат „фапови“ стари 39 години: Анализа на Центарот за граѓански комуникации

Орце Костов

Во Белград: Вандали оштетија 20 возила

Горан Наумовски

Рекорд за SEAT: Повеќе од еден милион продадени SUV возила во светот

Кривична пријава против лице од Скопје за „загрозување на животната средина и природата со отпад”

Од 2035 година во ЕУ ќе престане продажбата на автомобили со бензин и дизел

Албанската полиција разби македонско-косовска група шверцери: Краделе скапи возила и ги продавале во Албанија

А1он