Полицијата бркаше навивачи од натпреварот МЗТ-Еуро Никел, откако ги окупираа трибините и одбиваа да ја напуштат салата

Од:

Речиси цела трибина навивачи има во салата „Јане Сандански“, иако присуство на навивачи не е дозволено на натпревари во затворени сали. Присутните на мечот меѓу МЗТ Скопје и Еуро Никел од Кавадарци, се во салата од почеток на натпреварот. Интервенираше и полицијата.

Непознато е кој дозволи навивачитe да влезат на трибините, а натпреварот беше прекинат. Ова следува откако полицијата се обидуваше да воспостави ред и да ги спроведе протоколите, односно со опомени да ги извади навивачи надвор. Но, безуспешно. Нема информација дали се изречени и казни.

Ова е првиот натпревар од финалната серија во првата македонска кошаркарска лига. МЗТ е домаќин на натпреварот, а сопственик на клубот е Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

ВИДЕО: МЗТ Скопје без мака до нов Куп трофеј

Катерина Ѓуровски

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp