Под мотото „Биди херој на срцето, дај ветување дека ќе живееш здраво“ денеска се одбележа Светскиот ден на срцето

Од:

Биди херој на срцето дај ветување дека ќе живееш здраво. Под ова мото денеска се одбележа Светскиот ден на срцето.

Во Градскиот парк кај Школка, во организација на Институтот за јавно здравје и „ЗДРАВА ИДНИНА“ – Здружението за превенција од кардиоваскуларни заболувања, а со поддршка од Министерството за здравство, на присутните граѓани им се одредуваше шеќер и холестерол во крвта, се мереше крвниот притисок, се одредуваше индексот на телесната маса (ИТМ) преку мерење на телесната висина и тежина.

Се даваа стручни совети во врска со нивната здравствена состојба и беа поделени флаери и друг вид здравствено- едукативен материјал од страна на здравствени работници од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, НВО „ЗДРАВА ИДНИНА“ и Клиниката Жан Митрев.

„Светскиот ден на срцето – 29 Септември е посветен на здравиот стил на живот и спроведување на рани превентивни прегледи за да се намали нивото на стрес, да се живее здраво, да се консумира правилна и здрава исхрана, а помалку шекери и масти, да се каже не на пушењето, а да се биде физички поактивен најмалку 30 минути во денот“, порача проф. д-р Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје.

Болестите на срцето и крвните садови претставуваат голема, хетерогена група на заболувања и се на прво место како причинители за смрт во генералната популација во Република Северна Македонија. Исхемичната болест на срцето со своите четири клинички форми – ангина пекторис, акутен инфаркт на миокардот, ненадејна срцева смрт и исхемична кардиомиопатија, е најчеста болест од оваа голема група на заболувања, а настанува како последица на атеросклероза во коронарните артерии. Најновите испитувања покажуваат дека атеросклеротичните промени на крвните садови настануваат уште во најраната возраст (после втората година од животот) така што со превенција треба да се почне што е можно порано.

За таа цел, Министерството за здравство има Програма за превенција на кардиоваскуларни болести (КВБ) за 2019 година, чии цели се:

– Превенција на факторите на ризик;

– Навремено препознавање на КВБ;

– Намалување на смртноста и инвалидитетот;

– Едукација на тимот од државната кардиохирургија од страна на едукатори кои со своето искуство и знаење ќе го надоградат и пренесат на останатите колеги.

Тимот се состои од специјалисти по кардиохирургија, васкуларна хирургија, анестезија како и среден медицински персонал (медицински сестри, инструментарки, анестетичари и перфузионисти);

– Подобрување во лекувањето на секундарно и терциерно ниво;

– Подобрување на квалитетот на живот кај пациентите со кардиоваскуларни болести

– Зајакнување на здравствениот систем на Република Северна Македонија, како би бил во состојба да одговори на се поголемото оптеретување на населението со кардиоваскуларни болести.

Секоја година, 17,9 милиони луѓе умираат од кардиоваскуларни заболувања (КВБ), вклучувајќи срцеви заболувања и мозочен удар. Најчести причини за појава на овие заболувања се: пушење, дијабетес и висок крвен притисок, кои афектираат голем број луѓе од различни возрасни групи и географски региони.

Би можело да ве интересира

Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

A1on

„Храбро срце“ бара ослободување од партиципација на пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце

А1он

Пикник на тревниците во парк и метеж на кејот – мерките за групирање и дистанца не се почитуваат, ниту казнуваат

Кристијан Ландов

Скопје ќе добие нов градски парк на кејот на Вардар

ВИДЕО: Нов парк во општина Чаир

Наум Локоски

(ВИДЕО) Протест во Тафталиџе: Стевчо Јакимовски да ги штити нашите, а не бизнис интересите

А1он