Пикник на тревниците во парк и метеж на кејот – мерките за групирање и дистанца не се почитуваат, ниту казнуваат

Од:

Топлото време и порелаксираниот полициски час ги натераа скопјани да излезат на кејот на Вардар и во Градскиот парк, за да поминат време надвор од своите домови. Баби и дедовци со внуците, друштва излезени на пијанка, парови, семејства кои прават пикник на тревниците е само дел од сликата во Градскиот парк. На кејот, пак, повозрасните се сончаат на клупите со пиво, додека помладите спортуваат и се шетаат покрај Вардар.

Додека екипата на „А1он“ беше на двете локации не виде ниту униформирани, ниту неуниформирани лица кои казнуваат за непочитување на мерките, иако маски не се носеа кога не можеше да се одржи дистанца од два метра, а имаше и над осум лица на едно место без никаква заштитна опрема.

Иако имаше метеж и не секогаш имаше простор за држење дистанца, ретко кој од присутните носеше маска. Родителите со своите деца на топлото време се забавуваа на лулашките во паркот.

Иако Владата со уредба забрани групирање на повеќе од пет лица, во Градскиот парк имаше и друштва кои ова ограничување не го почитуваа, ниту, пак, беа санкционирани.

Вообичаено, родителите кои со своите деца се забавуваа на тревниците се обидуваа да одржат дистанца од другите.

Во паркот најчесто присутни беа најмладите, кои се забавуваа со бабите и дедовците.

Оние кои дел од денот поминаа во парк, уживаа и во близина на езерцето со сладолед или ладен напиток.

Во паркот во Скопје имаше и парови кои денот го искористиле да поминат време на само, дистанцирајќи се од своите домови, но и од другите присутни.

Покрај кејот на Вардар речиси сите клупи беа полни, па така, дел од оние кои шетаа беа принудени да седнат на бетонот.

И на патеката на кеј имаше метеж. Голем дел од присутните спортуваа, трчајќи или возејќи точак.

Владата со уредби кои имаат законска сила забрани групирање на повеќе од пет лица на исто место. Притоа, уредбите превидуваат и носење заштитни маски во моменти кога не може да се одржи дистанца на отворено.

Растојанието, пак, мора да биде најмалку од два метра. Доколку овие одредби не се почитуваат, следуваат казни.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември