„Храбро срце“ бара ослободување од партиципација на пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце

Од:

Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето „Храбро срце“ преку отворено писмо до Владата и Министерството за здравство бараат изјаснување по однос на ветувањето за ослободување од партиципација на пациенти со вградена механичка циркулаторна потпора на срце.

„Ви се обраќаме по којзнае кој пат во врска со ветувањето за ослободување од плаќање партиципација на пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце (пумпа) за користење здравствени услуги, дадено од страна на владата, претседателот на владата и министерот за здравство во неколку наврати изминатите две години.

Со оглед на ситуацијата и ценовниот шок кој се случи, а е предизвикан од светската криза, нам, најранливите категории на луѓе ни е сè потешко и потешко економски да го издржиме сето тоа што е потребно за наше одржување во живот и евентуално трајно решавање на нашите здравствени проблеми. Самиот пораст на цените на горивата е енормно зголемен материјален трошок за нас кои претежно сме од внатрешноста на државата, а нашите редовни прегледи сме приморани да ги правиме во главниот град (Скопје) каде што единствено во државава има клиники за наша превенција и лекување. По порастот на трошоците за живот, за нас, пациентите со механичка циркулаторна потпора на срце (пумпа) навистина ќе ни биде големо олеснување доколку веднаш го остварите вашето ветување за ослободување од плаќање надомест за користење на сите здравствени услуги за нашата ранлива категорија на луѓе.

Според последните ветувања, вашето ветување беше дека од 01.01.2022година, плаќањето на партиципацијата ќе биде укинато и сите здравствени услуги ќе може да ги користиме без надомест за партиципација. Напоменувам дека сме вкупно 15-18 пациенти на ниво на држава и таа бројка е речиси непроменета со години наназад со оглед на морталитетот и новооперираните пациенти со инплантирана механичка потпора (пумпа) на срце, што значи дека не е голем товар за буџетот, а средства може да се пренаменат од оние кои се планирани за ослободување од плаќање партиципација при користење на здравствените услуги на карводарителите во државава.

Се надеваме и замолуваме за брз и конечен одговор, но и суштинско решавање на ова прашање бидејќи апсурдно е веќе да се одложува спроведувањето на истото ветување со пронаоѓање разно-разни изговори.

Недозволиво е некој постојано да се подбива со едни од најранливите категории на граѓани кои и онака имаат драстично усложнет живот поради здравствените проблеми со кои се соочуваат“, пишува во отвореното писмо на „Храбро срце“.

Би можело да ве интересира

МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар – Мнистерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Министерство за здравство: Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Министерството за здравство тврди дека сите пациенти со дијабетес примаат инсулинска терапија

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ се служат со лаги и манипулации за да го нарушат имиџот на министерот