Почина 23-годишно момче позитивно на Ковид-19

Од:

Според податоците на Министерството за здравство, најмладиот кој во изминатото деноноќие го изгуби животот како последица на Ковид-19, е 23-годишно момче од Крива Паланка.

Сите останати кои починале во минатото деноноќие имале над 45 години, а највозрасниот заразен со Ковид имал 84.

Пред два дена беше регистриран првиот случај на починат малолетник, односно 15-годишно девојче кое почина во Инфективната клиника во Скопје, како последица на Ковид-19.

Минатата седмица, исто така како последица на Ковид-19 почина 24-годишно момче од Ресен, кое првично ја напуштило болницата на свое барање, за следниот ден да се врати со сериозни компликации по што го изгубило животот.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он