А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

По убиството во Кавадарци, мајка со малолетно дете го напуштила градот

by А1он16/11/2021 - 17:351640
Share0

По убиството во Кавадарци за кое 45-годишен кавадарчанец доби 30 дневен притвор за убиство на 59-годишен сограѓанин,во јавноста излегоа информации дека расправијата на повеќе луѓе била околу старателство врз дете од вонбрачна заедница.

Добивај вести на вибер

Од Центарот за социјални работи информираат дека ја контактирале мајката на детето Е.Р. која ги известила оти по сознанието за настанот што се случил, уште истата вечер, заедно со малолетното дете ја напуштила територијата на Општина Кавадарци и се наоѓа на друга територија каде се чувствувала безбедно.

– ЦСР Кавадараци ќе преземе мерки согласно Законот за семејството, a кои се во интерес на правата на детето, посочуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Според МВР, денеска околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23:30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59)од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

kavadarcimvrubistvo

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството на Борјанка Николова го смени исказот – бара ослободителна пресуда

А1он08/04/2026 - 15:4408/04/2026 - 15:47

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 12:47

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 08:51

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Горан Наумовски01/04/2026 - 10:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто