По Груби и Османи впери прст кон Русија: Користи дезинформации да го забави пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ

Од:

Откако вчера вицепремиерот Артан Груби обвини дека Русија се мешала во Македонија во секој сегмент, а рускиот претседател Владимир Путин сакал да ја дестабилизира Македонија со меѓуетнички тензии, денеска и шефот на дипломатијата и сопартиец на Груби, Бујар Османи го впери прстот кон Русија. Тој во интервју за „Еуроњуз“ кажа дека Русија користела дезинформации и лажни вести со цел да го забави пристапувањето на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

„Фрустрацијата поради одложувањето на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ создава простор за Русија да сее раздор во земјата преку „арсенал“ на хибридна војна“, рече Османи, кој вчера во Брисел присуствуваше на панел-дискусија на конференцијата „Позадината на дезинформациите: Зајакнување на нашите општества против манипулациите и мешањето на странските информации“, чиј домаќин беше високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Тој смета дека Русија користи насочени кампањи за дезинформации, вклучително и ширење лажни вести преку интернет тролови, за, како што посочи, да го „растури социјалното ткиво на општеството“ во земјата како и во Западен Балкан и да го забави нивното пристапување во ЕУ.

„Очигледно Русија дизајнираше дезинформации за да ја спречи Северна Македонија да ги постигне своите стратешки цели, а тоа се членството во НАТО и ЕУ“, додаде Османи.

Според него, единствениот одговор е недвосмислено да се продолжи со агендата за евроатлантските интеграции.

Би можело да ве интересира

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

Калас вети во Киев дека ќе ја повика Русија на одговорност

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров