(ВИДЕО) Русија е виновна за се во Македонија: Путин ни прави меѓуетнички тензии – Груби обвини, премиерот го поддржа

Од:

Според Вицепремиерот за политички систем, Артан Груби, изборите годинава се избор за европска Македонија  или за Русија. Вели Русија се мешала во Македонија во секој сегмент и прави меѓуетнички тензии. Според него, рускиот претседател Владимир Путин сакал да ја дестабилизира Македонија со меѓуетнички конфликти.

„Замислете, имаше изјави од министерот за надворешни работи Лавров и неговата портпаролка Захарова и од претседателот Путин, кој ги познаваше сите села во Македонија и ги спомна во неговите интервјуа во меѓународните медиуми и рече дека Македонија е огнената линијата за Русија во врска со НАТО проширувањето. Ова е изјава цитирана од г-дин Лавров, а потоа тоа господин Путин го охрабри во своите медиуми, спомнувајќи го и Грушино од Куманово во своите интервјуа, дека ги познава сите села во Македонија, за да поттикне меѓуетнички тензии, меѓуетнички конфликти меѓу Албанците и Македонците“, рече Груби.

„ Безбедносната криза, ценовната криза и инфлацијата имаат едно име, а тоа е Русија“, порача Груби

Според него, против нашето заедништво работел само еден фактор на поттикнување и еден центар за координација и инспирација , Русија. Според Груби, Русија била против Охридскиот договор, против Преспанскиот договор и се правела тој да не се потпише, бевме сведоци на сите протести и се што се случуваше на улиците, а вели дека во тие сплетки биле вклучени и протести и напади пред домовите на пратеници.

„ Ако се сеќавате за време на нередите во Собранието имаше еден од руските служби заедно со колега од нашето соседство, кои што ги поттикнуваа тие што протеститраат да влезат и да ги линчуваат пратениците, новоизбраниот претседател на Собранието, мандатарот за нова влада и сите пратеници во прес-центарот“, изјави Груби.

Според него, истиот центар  бил и против промените на Уставот и  против зачленувањето во НАТО. Според него и протестите против договорот со Бугарија биле поттикнати од руски елементи, а и договорот за изградба на  Коридорот 8 доцнел една година поради Русија, односно поради вклучувањето на руска компанија во постапката, бидејќи коридорот 8 го урива монополот на Коридорот 10, а кој има интерес од коридорот 10“, вели Груби.

-Има ли руско влијание во МПЦ. Одговорот го знаете самите. Има ли руско влијание во медиумите, во невладините организации ? Одговорот исто така го знаете. Европскиот фронт има само еден пат, а за тој се залагаме сите ние во оваа сала. Тој зависи од тоа каква ја сакаме Северна Македонија – европска или руска? – порача Груби.

На крајот, Груби праша – сакате ли уште? и посочи дека тие се борат против сето тоа и се борат за европска Македонија.

„Се трудиме да градиме европски фронт на прогресивни сили во државата, кој и покрај сите грешки што сме ги имале во овие неколку години ќе бидат простени затоа што се жртвуваме себеси, нашите кариери, да не бидеме популисти, туку да носиме одлуки со кои градиме држава со тапија за идните генерации. Со сиот ризик да нè етикетираат како предавници, како што прават руските експоненти“

Ова е најжестокиот напад на еден македонски политичар досега за руската политика кон нашата држава, но доби поддршка и од премиерот Ковачевски.

„ Груби беше конкретен и посочи кон Русија во однос на стратешките одлуки и процеси кои се правеле и прават во Северна Македонија и дека Русија секогаш била против. И тоа се факти коишто сите ги знаат. Тој не кажа дека за се’, туку точно посочи за кои процеси мисли, се мисли на зачленувањето во НАТО, на унапредувањето на демократијата како и на отпочнувањето на преговорите со ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски од Гостивар: Ние не се откажуваме и нема да се откажеме

Горан Наумовски

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија