По дојавите за бомби, учениците имаат еден час да стигнат до дома и да се вклучат на онлајн настава

Од:

Препораките од Министерството за образование и наука за организирање на онлајн настава после дојави за бомби треба да бидат активни од денес откако во неколку училишта и суд пристигнаа нови мејлови со заканувачки пораки дека се поставени бомби, а учениците и персоналот беа евакуирани.

Учениците по евакуацијата имаат еден час да стигнат до дома и да се вклучат на онлајн настава според препораките на Министерството кое на таков начин смета дека ќе се реши проблемот со губењето на наставата.

Дописното писмо е пристигнато до сите училишта, а насоките од МОН преку порака стигнале и до родителите. Во пораката се бараше од нив да ги проверат профилите на своите деца на тимс платформата на која се следеше онлајн настава и за време на пандемијата со ковид-19.

На овие насоки родителите жестоко реагираа на социјалните мрежи. Најголем дел од нив сметаа дека е неизводливо да ги земат децата од училиште и да ги вклучат на онлајн настава затоа што некои деца учат во подалечни училишта.

Средношколците пак реагираа дека еден час им е премалку за да стигнат дома со јавниот превоз кој по проблемите со приватните превозници е редок.

Би можело да ве интересира

Експлозија во Риека: Двајца уапсени, поставиле уште една бомба, а имал и трета експлозивна направа

Спасовски: Нема дојави за бомби откако се воведоа протоколи во училиштата

Орце Костов

Над 20 пораки за насилство стигнале на мејл адресите на МОН

Горан Наумовски

Шаќири: Во текот на наредните денови ќе се достават свидетелствата, Бирото ги заврши сите постапки

Горан Наумовски

МОН: Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година

Горан Наумовски

Дојави за наводно поставени две бомби во болници во Белград