По анкетите во СДСМ: мртва трка меѓу Димитриевски и Костовски за Куманово, во Центар битка меѓу Богдановиќ, Бухова и Герасимовски

Од:

Внатрепартиските анкети во СДСМ го стеснија кругот за избор на кандидати за градоначалници. Извори од партијата брифираат дека многумина, кои главно се самокандидирале, веќе отпаднале.

Од седумтемина кандидати за градоначалник на општина Центар, по партиското гласање, фаворити се тројца, актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ, претседателот на општинската организација во Центар на СДСМ, Горан Герасимовски, и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова-Бухова.

Мртва трка за градоначалничка кандидатура во СДСМ има за Куманово. Таму, според партиски избори, најдобро стои сегашниот градоначалник Максим Димитриевски, иако дел од партиското раководство отворено го фаворизира пратеникот и поранешен директор на „Службен весник“ Мартин Костовски.

Поранешниот пратеник и претседател на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов најдобро стоел на анкетите за градоначалник на Велес, а најголема доверба од членовите за градоначалник на Прилеп добил поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, кој поднесе оставка од функцијата директор на Царинска управа.

Како кандидат за градоначалник на Струмица во СДСМ сè погласно се спомнува пратеникот и поранешен портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

Фаворит, пак, за градоначалник на Карпош, според партиските анкети, е сегашниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски.

Меѓу кандидатите фаворити е и Златко Марин, кој добил поголема поддршка од другите кандидати за втор градоначалнички мандат во Општина Аеродром.

СДСМ треба од избере кандидати за уште 50 општини откако премиерот Зоран Заев во вторникот ги соопшти кандидатите за 30 општини. Само во три од соопштените 30 општини кандидатите се нови лица. Наместо Бранко Јанев, за Росоман е предложен Стојан Николов, а наместо досегашниот градоначалник Драган Тренчовски во Пехчево предложен е Славчо Пандурски, актуелен претседател на ОО на СДСМ во општината. Третото ново име е кандидатката за градоначалник на општина Петровец, Елизабета Зелениковска, член на советот во Општината, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Борче Митевски победи на локалните избори во 2017 година.

Во останатите 27 општини, вклучително и за Градот Скопје, СДСМ ќе оди со старите градоначалници и покрај тоа што за многумина своето незадоволство јавно го искажаа и граѓаните, но и нивните сопартијци.

До крајот на овој месец премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев најави средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која ќе разговараат за соработка за локалните избори, а комплетирање на листата на кандидати за градоначалници од СДСМ најави до крајот на август.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Горан Наумовски

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар