Кои се кандидатите на СДСМ: За Центар, Богдановиќ се бори со Стевановиќ и Бухова

Од:

Актуелни градоначалници, лекари, сегашни и поранешни директори на институции, поранешни министри и актуелни пратеници се меѓу кандидатите за градоначалници на претстојните избори кои партиите сѐ уште не ги објавуваат. Во СДСМ се прават последните пресметки, откако генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски најави дека на 13 јули јавно ќе бидат претставени нивните кандидати за градоначалници. Партиски извори за „А1он“ кажаа дел од имињата на кандидатите кои сѐ уште бијат битка да бидат поддржани од партијата.

Во Центар, од предложените кандидати од страна на членството на СДСМ, тројца веќе поднесоа документи. Прв е актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ,  потоа директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, како и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова. Нема податок дали кандидатури поднесоа и Емилијан Станковиќ и Горан Герасимовски, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост и претседател на општинската организација на СДСМ на Центар, за кои извори за „А1он“ брифираат дека им било кажано дека внатрепартиските анкети ќе покажат кој ќе добие поддршка.

За градоначалник на Аеродром најмногу гласови од месните одбори добил актуелниот, Златко Марин, кој ги мери партиските сили со Зоран Атанасов, Дејан Павлески и Ивана Цветковска

Во Аеродром најмногу предлози од месни одбори за нов мандат добил актуелниот градоначалник Златко Марин, а во трката влегуваат и поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, Ивана Цветковска, претседателка на Советот на Општина Аеродром како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески. На листата предлози била и Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје, но одбила да биде кандидат за градоначалник на Аеродром.

Кандидат за градоначалник на Карпош СДСМ ќе бира меѓу актуелниот Стефан Богоев и директорот на „Водовод“, Душко Весковски

Во Карпош, трката за кандидат за градоначалник на СДСМ ќе се води помеѓу актуелниот градоначалник Стефан Богоев и актуелниот директор на ЈП„Водовод и канализација“, Душко Весковски.

Во Куманово кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Максим Димитриевски кој има поддршка од членството според направените анкети, но не е се уште сигурно дали  СДСМ ќе се одлучи за него, односно можно е да оди со друг кандидат.  Во случај да не ја добие поддршката од партијата, според извори на „А1он“, Максим Димитриевски ќе настапи како независен кандидат, а денес на социјалните мрежи, дека ќе се кандидира за „прва мајка на градот“ се пофали Атина Мургашанска, актуелна претседателка на Советот на Општина Куманово.

Сегашниот градоначалник Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Куманово, Атина Мургашанска, и пратеникот Мартин Костовски се кандидати за градоначалници на Куманово

„Среќен понеделник, среќна седмица, ако по утрото, денот се познава! Утрово ја прифатив кандидатурата за градоначалничка на Општина Куманово од моите сопартијци од месните одбори на СДСМ. Приложената програма ја создавав заедно со нив и сите сограѓани и е одраз на нивните приоритети и мојата визија за Куманово во наредниот четиригодишен период. Успешното раководење на Советот на Општина Куманово како прва жена претседателка покажа дека е време за уште еден историски исчекор за прва Мајка на градот!“, напиша Мургашанска на „Фејсбук“.

За градоначалничка кандидатура за Куманово во СДСМ се бори и актуелниот пратеник и поранешен директор на „Службен весник“ Мартин Костовски.

Во Гази Баба кандидат ќе остане актуелниот градоначалник, Борис Георгиевски, има дилема дали ќе се продолжи со втор мандат за Александар Наумоски во Ѓорче Петров или партијата ќе се одлучи за нов кандидат. Ист кандидат ќе биде и во Штип, односно актуелниот градоначалник Сашко Николов, а за Прилеп се повеќе се спомнува како кандидат Горан Сугаревски, поранешниот министер за транспорт и врски.

Во Скопје е извесно дека трката ќе се води помеѓу Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ и Петре Шилегов од СДСМ.

Иако официјално генералниот секретар Николовски извести дека СДСМ допрва ќе го договара начинот, обемот и населените места во кои ќе има соработка за локалните избори со актуелните партнери во Владата ДУИ и ДПА, извори „А1он“ тврдат дека е договорено СДСМ да нема свои кандидати во Општините кои имаат албанско мнозинско население. Согласно овој договор СДСМ нема да истакне свои кандидати во Чаир, Сарај од скопските општини.

За крајот на јули и почетокот на август, СДСМ најави промоција на кандидатите за Куманово, Штип, Крива Паланка и Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески

Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Герасимовски: Подобри урбанистички и сообраќајни решенија во новиот ДУП Крњево 2

Горан Наумовски

Герасимовски: Нова градинка на две нивоа вцртана во новиот ДУП за Крњево 2