Заев објави дел од кандидатите на СДСМ за градоначалници – Шилегов повторно кандидат во Скопје

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз и премиер, Зоран Заев, вечерва по завршувањето на седницата на извршниот одбор на СДСМ, ги соопшти имињата на триесет кандидати за градоначалници на партијата на претстојните локални избори.

Петре Шилегов повторно ќе влезе во трка за градоначалник на Скопје, а за втор мандат ќе се борат и актуелните градоначалници на СДСМ во Охрид, Ресен, Кисела Вода, Бутел…

Еве ги останатите кандидати за градоначалници на СДСМ кои вечерва ги соопшти Заев:

Перо Костадинов за Валандово, Миликие Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Велими Смилевски за Бутел, Маријан Јанев за Василево, Сашо Јанквоски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Бешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Филип Темелковски за Кисела Вода, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медад Куртовски за Маврово-Ростуше, Љубе Кузмановски за Новаци, Костадин Георгиевски за Охрид, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка, и Сашко Николов за Штип.

Според Заев, во партијата сѐ уште се во тек процедурите за избор, па сите имиња ќе бидат познати до крајот на август.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“