По 3,5 години затвор за Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ во повтореното судење за „Титаник 3“

Од:

По три години и шест месеци затвор добија Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ и во повтореното судење за „Титаник 3“ денеска во Основниот кривичен суд во Скопје.

Двајцата беа обвинети за уништување изборен материјал, односно дека на локалните избори во 2013 хгодина менувале дел од записниците за гласањето во Чаир.

Судијката Марија Клетничка-Марковска им изрече идентични казни како и во првиот судски процес кој беше поништен од Апелацискиот суд во Скопје кој ја укина пресудата и го врати случајот на почеток.

Оваа пресуда повторно не е правосилна и функционерите на ДУИ имаат право на жалба до Апелација.

Двајцата провостепено осудени се единствените поистакнати функционери од ДУИ за кои се дојде до пресуда во случаите што ги отвори Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Гури во моментов е заменик-управник во УЈП, а Алими државен советник во министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби.

Би можело да ве интересира

ИПАРД случајот стигна до суд: Продолжение на постапката на 30 април

Горан Наумовски

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат