Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

Од:

Мигел Анхел Ортиз Ариас скапо ќе ја плати цената за судењето на мадридското дерби.

Судијата кој ја делеше правдата на натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе биде суспендиран за најмалку наредните две кола во Ла Лига, пренесува „Радио КОПЕ“ (Radio COPE).

Судењето на стадионот „Метрополитано“ предизвика бурни реакции, првенствено од страна на Реал, а одредени одлуки на Ортиз Ариас беа под лупа уште за време на самиот натпревар.

Посебно се дискутираше за два дуела.

Првиот беше стартот на Канг-ин Ли врз Федерико Валверде. Според мислењето на многумина, корејскиот фудбалер на Атлетико требаше да добие црвен картон.

Вториот беше дуелот меѓу Кристијан Ромеро и Џуд Белингем, но во таа ситуација дошло до контакт откако ногата на Ромеро се лизна врз бутот на играчот од средниот ред на Реал, поради што немало основа за директно исклучување.

Реал Мадрид продолжи да врши притисок и по натпреварот. Жозе Мурињо зборуваше за судењето на прес-конференција, додека Флорентино Перез реагираше преку официјално соопштение. Од друга страна, Атлетико повика да се стави крај на коментирањето на судиите низ Шпанија.

Сега, наводно, пристигна и конкретна последица за Ортиз Ариас.

„Судијата на мадридското дерби, Ортиз Ариас, ќе биде суспендиран за најмалку следните два натпревара во Ла Лига“, пренесува COPE.

Порталот „Archivo VAR“, кој внимателно ги следи судиските одлуки во шпанскиот фудбал, имаше исклучително остра оценка за неговиот настап.

„Мигел Анхел Ортиз Ариас имаше еден од највпечатливите настапи на ’Метрополитано‘, и тоа секако не во позитивна смисла. Четири сериозни грешки и две интервенции на ВАР, плус уште две ситуации што требаше да се разгледаат. Последиците се веќе најавени: суспензија од најмалку два натпревара“, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Флик: Сакам да го освојам секој трофеј – разочарани сме!

А1он

Барса 862 минути со играч повеќе, а Реал 91 минута со играч помалку во Ла Лига

А1он

Суспензија од четири натпревари за Винисиус – го пропушта и „Ел Класико“

А1он

Лапорта го нападна Реал: Тие го одвлекуваат вниманието!

А1он

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он