Флик: Сакам да го освојам секој трофеј – разочарани сме!

Од:

Ханси Флик, тренерот на Барселона, не го криеше своето разочарување по поразот во „Ел Класико“ против Реал Мадрид.

„Кралевите“ победија со 2:1 на теренот на својот голем ривал, а германскиот стратег ги сподели своите впечатоци на прес-конференцијата.

„Разочарани сме. Првото полувреме не беше добро, а во второто, по израмнувањето на 1:1, бевме подобри. Мислам дека тогаш ја контролиравме играта. Ни недостасуваше малку среќа, но тоа е што е. Тие одиграа добро без топка и не ни оставија многу простор. Исто така, се забележа дека ни недостасуваше свежина“, изјави Флик и додаде:

„Ова е наш прв пораз во Ла Лига, претходно победивме деветпати по ред. И тоа мораме да го земеме предвид. Поразите се дел од играта“.

На прес-конференцијата, германскиот тренер се осврна и на патувањето од Севиља, каде што тимот помина три часа во авион пред да се врати во хотелот за да преноќи, а потоа во понеделникот замина директно за Париз.

„Вие ги гледате само натпреварите, а меѓу нив имаме два дена. Во моментов тоа е многу, но не сакам да зборувам за тоа кога губиме. Сакам да зборувам кога победуваме, тогаш е подобар момент. Секогаш изгледа како да барате изговори. Јас немам изговори и не ги прифаќам. Но, вистината е дека денес не бевме свежи и тоа мораме да го промениме“ вели стратегот.

Пред Барселона претстојат уште три натпревари пред репрезентативната пауза.

„Националниот тим има два слободни дена. Мислам дека некои играчи одат во Лондон на тој настан, останатите тренираат утре, а во вторник се слободни. Потоа имаме три дена добро да се подготвиме за следниот натпревар. Сакам да освојам секој трофеј и да победам на секој натпревар. Мораме да се вратиме свежи. Секој мора да донесе правилни одлуки во однос на закрепнувањето, добро да јаде и добро да спие. Тоа е нивна работа и мораат да ја завршат“, заклучи Флик.

Би можело да ве интересира

Јамал е уверен дека ќе ја освои „Златната топка“ – веќе резервираше приватен авион за семејството и пријателите

А1он

Барса 862 минути со играч повеќе, а Реал 91 минута со играч помалку во Ла Лига

А1он

Ханси Флик пред големо достигнување на клупата на Барселона

А1он

Моментот што ја промени фудбалската историја – на денешен ден Меси дебитираше за Барселона

А1он

Суспензија од четири натпревари за Винисиус – го пропушта и „Ел Класико“

А1он

Лапорта го нападна Реал: Тие го одвлекуваат вниманието!

А1он