Лапорта го нападна Реал: Тие го одвлекуваат вниманието!

Од:

Претседателот на Барселона – Жоан Лапорта, остро го критикуваше Реал Мадрид, обвинувајќи го својот најголем ривал дека се обидува да ѝ наштети на репутацијата на каталонскиот клуб преку повторно актуелизирање на аферата „Негреира“.

Односите меѓу двата шпански гиганти стануваат сè позатегнати, а Лапорта смета дека приказната за спорните исплати кон поранешниот потпретседател на Шпанската судиска комисија се користи за да се одвлече вниманието од случувањата во мадридскиот клуб.

„Во Мадрид зборуваат за други теми за да го одвлечат вниманието. Барселона минува низ одличен период, уживаме во фудбалот и доживуваме прекрасни моменти во нашата историја. Уживаме меѓународен углед и имаме тим што ги освојува срцата на навивачите. Во Реал се обидуваат сето тоа да го минимизираат“ – изјави Лапорта.

Зборувајќи за аферата „Негреира“, првиот човек на Барселона повтори дека верува оти неговиот клуб ќе биде ослободен од обвиненијата.

„Се обидоа да нè осудат уште пред да ни се суди, иако на крајот излегува дека работите не стојат онака како што нè обвинуваат. Целосно верувам дека Барселона ќе биде ослободена од вина“, рече Лапорта.

Тој додаде дека, според него, постојаното враќање на оваа тема во јавноста служи само за да се наруши угледот на каталонскиот клуб.

Би можело да ве интересира

Флик: Сакам да го освојам секој трофеј – разочарани сме!

А1он

Јамал е уверен дека ќе ја освои „Златната топка“ – веќе резервираше приватен авион за семејството и пријателите

А1он

Барса 862 минути со играч повеќе, а Реал 91 минута со играч помалку во Ла Лига

А1он

Ханси Флик пред големо достигнување на клупата на Барселона

А1он

Моментот што ја промени фудбалската историја – на денешен ден Меси дебитираше за Барселона

А1он

Суспензија од четири натпревари за Винисиус – го пропушта и „Ел Класико“

А1он