Јамал е уверен дека ќе ја освои „Златната топка“ – веќе резервираше приватен авион за семејството и пријателите

Од:

Ламин Јамал е еден од главните фаворити за освојување на „Златната топка“ (Ballon d’Or) следната недела, а според многумина, тој е убеден дека е сигурен победник во трката за титулата најдобар фудбалер во светот за изминатата сезона.

Сепак, се чини дека името на играчот со најмногу гласови во долгиот изборен процес сè уште се чува во строга тајност, па би можеле да очекуваме интересна вечер на доделување награди.

Уште поизненадувачка е веста од Шпанија дека младиот првотимец на Барселона и ѕвезда на шпанската репрезентација веќе обезбеди приватен авион за своето семејство, пријателите и колегите, за да можат со стил да пристигнат во Париз на престижната церемонија.

Може да се каже дека ваквата постапка укажува на голема увереност дека токму тој е добитникот, и дека не сака ништо да препушти на случајноста.

Како и да е, името на победникот ќе го дознаеме на 26 октомври.

Би можело да ве интересира

Фудбалерот на Барселона, Дани Олмо, се враќа на теренот за 10 дена

Уште едно „златно момче“ од Барселона – а не е Јамал

А1он

Пред Роналдо да му ја додели „Златната топка“: Срцето ми чукаше забрзано и постојано се потев!

А1он

Роберто Баџо не го вброи Ламине Јамал меѓу тројцата најдобри млади фудбалери во светот

А1он

Флик: Сакам да го освојам секој трофеј – разочарани сме!

А1он

Барса 862 минути со играч повеќе, а Реал 91 минута со играч помалку во Ла Лига

А1он