Платежната картичка пред стравот: Редици пред банките иако короната руши рекорди

Од:

Граѓаните не го почитуваат апелот од банките да се придржуваат кон определениот термин за подигнување на картичките како би се избегнал метежот и големите редици пред филијалите.

Денес во поголемите банки во Скопје беше забележан значителен број на граѓани кои чекаат ред за да ги подигнат своите платежни картички како и да се информираат во врска со ваучерите за туризам во државата наменети за лица со пониски примања.

Иако претходно клиентите благовремено беа информирани за својот термин (датум, време и место каде треба да ја подигнат платежната картичка „Купувам домашно“), поголем дел од нив не ги почитуваа правилата по што можеше да се забележи големата присутност на луѓе пред самите влезови на филијалите.

Честото задоцнување за доаѓање во предвидениот термин како и неносењето на заштитни маски се главните причини зошто одредена група на граѓани го отежнува процесот на подигнување на картичките, па оттаму се создаваат и метежи во овие вонредни услови кога државата се соочува со пандемија.

Од банките се жалат дека клиентите кога доаѓаат да ја подигнат картичката тие често ја забораваат, а се случува и да не ја носат важечката документација за лична идентификација како лична карта или патна исправа.

Исто така, во трговскиот центар ГТЦ, денес беше забележано и недржење на пропишаното физичко растојание од граѓаните што дојде до кратка расправија помеѓу луѓето кои уредно чекаа да влезат во банката.

Платежната картичка може да се користи за промет во државата, за купување на македонски производи и услуги во: супермаркети и други продавници за храна и пијалоци, аптеки, фризерски салони, зелени пазари, ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта и други сместувачки капацитети во државата како и туристички агенции.

Средствата од финансиската поддршка треба да се искористат најдоцна до 15 Август оваа година.

Би можело да ве интересира

Тетовец скоро цела година тајно трошел од картичката на сопругата, сега може да оди во затвор

Жарко Настоски

ВИДЕО: Охрид преполн, се бара маса повеќе во кафулињата, маските под брада

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Кафеаните затворија, „Сити мол“ се преполни

Маја Илиевска-Пачемска

Ангеловска: 300.000 платежни картички издадени до 25 јули

Жарко Настоски

Приговорите за платежните картички се обработуваат, податоците ќе бидат јавно соопштени

Предраг Петровиќ

Филипче: Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19

Ана Ололовска