Планот на Георгиевски е срамен за Македонија, реагира градоначалникот на Куманово

Од:

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски остро реагира на предлогот на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски за решавање на спорот со Бугарија. Димитриевски вели, предлогот е срамен и понижувачки за Македонија и за македонскиот народ.

„Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот. Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот македонски народ. Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утвртди одговорност за ваквиот предлог кој е против уставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок. Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови. Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот”“, пишува Димитриевски.

Акцискиот план кој што вечерва го предложи поранешниот Премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и…

Posted by Maksim Dimitrievski on Saturday, 27 February 2021

Реакција има и од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека преку предлогот на Георгиевски премиерот Зоран Заев пуштил пробен балон.

„Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во кореспонденцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација. Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот премиер Георгиевски вчера на Фејсбук објави план во пет точки за решавање на спорот со Бугарија. Според него треба без многу објаснувања да се усогласат 10-15 историски настани, да се направи нова специјална комисија само за прогонот и убиствата на Македонците со бугарска национална свест, македонската страна да ја даде пругата под концесија на бугарските железници и да се догради, се дел од предлозите на експремиерот. Во однос на јазикот, пак, тој вели дека има предлог со кој може да се затвори ова прашање.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ за наша Македонија: Секој кој што соработува со нереформираната ДУИ е неприфатлив за политички партнер

Горан Наумовски

Димитриевски: Сочуство до семејствата на загинатите, брзо закрепнување на повредените

А1он

Димитриевски: Државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби

А1он

Димитриевски: Нема повеќе отстапки на патот кон ЕУ, државава веќе направи жртви

ЗНАМ: Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува функцијата во работното тело на Собранието

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината