Димитриевски го осуди вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

Од:

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска побара од надлежните институции итно да го расветлат случајот со вандализирањето на просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

-Најостро го осудувам вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово. Барам од органите на истрагата да го утврдат идентитетот на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата- порача Димитриевски.

Тој нагласи дека Куманово отсекогаш било препознатливо по мултикултурниот дух и соживотот меѓу граѓаните, додавајќи дека ваквите инциденти не ги одразуваат вредностите на градот.

-Куманово отсекогаш бил град на мултикултура и соживот, таков и ќе остане. Ваквите дејствија не се патриотизам, туку чист шовинизам кој подгрева национална нетрпеливост, против која се сите граѓани на Куманово- истакна градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Димитриевски: Невиден преседан е одлуката за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Груби

Горан Наумовски

Движењето ЗНАМ го одбележа вториот роденден: Со освојувањето на шест пратенички мандати ЗНАМ стана фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето

Горан Наумовски