Петрушевски: Со СДС и ДУИ во 2022, 200 илјади евра помалку во материјалната евиденција на Клиниката за детски болести

Од:

СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување на пари.Од Извештајот на ДЗР за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година, има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бран Петрушевски.

– Според Извештајот на ДЗР на 01.01.2022 година, вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, додека на крајот на годината бил помал за 12 милиони денари. Зошто се јавува толку голема разлика во материјалната во споредба со сметководствената евиденција? Дали и каде завршиле над 200 илјади евра? Ова е само од една здравствена установа за една година. Што правеле СДС и ДУИ во останатите здравствени установи во текот на целото владеење? ЈО да не чека и врз основа на Извештајот на ДЗР да отвори постапка. Одговорност мора да има, вели Петрушевски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он