„Ниту имаме функционална Државна изборна комисија, ниту пак прочистен Избирачки список, ниту пак волја за професионализација на највисокото изборно тело, а се најавува реферндум за името. Дури се споменуваат и предвремени парламентарни избори.
Нема кој да го прочисти избирачкиот список кој е клучен во овие процеси. И најтрагично е што „големите лидери“ воопшто не го споменуваат ова прашање.
Дали намерно се тактизира и молчи за ова, за да може после да се оспорува евентуалниот референдум? Или изборните резултати?
Во Македонија со Избирачкиот список се прават експерименти само пред избори.
Ако внимателно ги читаме Извештаите од ОБСЕ/ОДИХР, Македонија во изминативе години на плурализам, изборите биле далеку од фер и демократски, ама после избори ова се занемарува.
Како и вообичаено лидерите на парламентарните партии не се заинтересирани за професионализација на ДИК и ослободување од политички влијанија.
Всушност целокупниот просец на изборни реформи во државава оди бавно, ништо не е транспарентно и немаме никаква гаранција за фер, демократски и слободен избор.
Мора да се реши хаосот со Избирачкиот список, во спротивно не можеме ништо да спроведеме без манипулации и оспорувања, под итно мора да се најде решение за црните дупки во Изборниот законик и да се поработи на поголемо едуцирање на изборните комисии и гласачкото тело. И за да ја вратиме демократија мора да го напуштиме моделот со шест изборни единици и да го воведеме моделот Македонија да биде една изборна единица со отворени листи.
За крај го реафирмирам нашиот став и заложби дека сите овие прашања никако не смеат да бидат во функција на меѓупартиски договарања и надмудрување! Јавноста мора да биде коректор и контролор на овие важни процеси со цел да се спречи понатамошно партизирање на институциите“ се вели во соопштението на Димо Петкоски, секретар на ГДУ.