Пендиков причина за ново вето: Прекин на насилството нов услов за ЕУ според заменичката на Милков

Од:

Додека Бугарите во Македонија не бидат заштитени, Македонија нема да ги почне преговорите Европската унија, порача заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова во студиото „Бугарија во живо“.

– Заземањето на дипломатска позиција од страна на Македонија е важно за да се види дека Владата осудува таков вид на криминален чин. Важно е да се има конкретен резултат со пресуди за оние кај кои ќе се утврди одговорност. Ние сакаме конкретен резултат, тие да си го добијат заслуженото според законов – истакна Петрова.

За неа ескалацијата на насилството е основниот проблем кој е осудуван од двете страни.

– Провокацијата на бугарските политичари преку статуси на Фејсбук не може да биде оправдување. Владата и министерството за надворешни работи ги осудија таквите обиди од страна на бугарски пратеници, но разликата е огромна – говор на социјални мрежи наспроти појава на насилство. Важно е да се влијае на провокативниот тон – коментира Велислава Петрова.

Во интервјуто заменик-министерката потенцираше дека прекинувањето на јазикот на омраза и насилството се дел од условите за започнување на преговори на Европската унија со Македонија. Прашањето за нападот над Пендиков во Охрид ќе биде поставено пред Советот за надворешни работи во Брисел.

– Се додека не се смени Уставот, Македонија нема да почне преговори со ЕУ. Прифатени се условите под кои можат да започнат, меѓу нив е и заштитата на правата, вклучително и правата на Бугарите. Патот на Македонија зависи од резултатите што ги покажува, промената на овој негативен тренд не е поврзан само со нашите билатерални односи, туку со нејзината кандидатура за членство во ЕУ. Нивната политичка цел е поврзана со почитување на европските вредности, тие не се бугарски хирови. Тоа што не се почитуваат условите и штети на Македонија“, категорично рече Петрова и додаде дека дипломатските односи меѓу двете земји не се нарушени.

Би можело да ве интересира

Првпат во суд се појави и второбовиниетиот за случајот „Пендиков“, рочиштето одложено

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

Орце Костов

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

Орце Костов

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Имало страшно брзање да се поднесе обвинение, случајот Пендиков е политички

Орце Костов