Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

Од:

Судскиот процец против охриѓанецот Илија Спасески, обвинет за тепањето на сограѓанинот Христијан Пендиков, се одложи по вторпат откако тој не се појави на рочиштето во судот бидејќи боледува од воспаление на вените и се наоѓа е на домашно лекување.

Ова го откри неговиот адвокат Димитрија Цобоски пред судот претставувајќи го болничкиот извештај од специјалист за 15-дневна терапија. Извештајот е со вчерашен датум од 11 јули, а дијагнозата е тромбофлебит.

Адвокатот на Илија Спасески, Димитрија Цобоски побара од судот да му биде отстранета забраната да ја напушти земјата за да може неговиот клиент да се лекува во странство, но судијата одби да му дозволи да патува на лекување, односно да му го врати пасошот.

Оштетениот Пендиков, кој во Охрид доаѓа вторпат откако се лекуваше во Софија и откако доби бугарски пасош, се појави на рочиштето, но не можеше да изврши препознавање на обвинетиот затоа што тој е отсутен.

И последната трета седница по ред беше одложена откако обвинителството во Охрид ги презентираше сите документи за лекувањето на Кристијан Пендиков во Бугарија и за повредите што му беа нанесени.

Овие документи станаа причина случајот да се одложи за денеска бидејќи одбраната на Илија Спасески сакаше да се запознае со нив и да може да се произнесе за случајот. Но, судот не дозволи такво време и одлучи дека ќе го расправа предметот, а потоа адвокатите на Спасески демонстративно ја напуштија судницата и судијата мораше да го одложи предметот.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он