Пендаровски: Во Битола беше направен обид докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување

Од:

Иако отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет претставува чекор кон зближување на народите и нивните култури, именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не ѝ служи на таа благородна кауза, се вели во реакцијата на претседателот на Македонија Стево Пендаровски по вчерашното отворање на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО” во Битола.

„Неоспорувајќи ја добрата намера на премиерот Петков, вчера во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа. Со самото нивно присуство и изјави беа минимизирани пораките за добрососедство и соработка кои беа испратени од бугарскиот премиер.

Во 2017 година, идејата да се формира комисија составена од историчари беше да се најде компромис за историските настани и личности кои треба да бидат заеднички чествувани и од македонскиот и од бугарскиот народ. За жал, вчера во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави. Сигурен сум дека ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока“, се вели во писмената реакција на претседателот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Повикот на ВМРО-ДПМНЕ за наводно национално единство е уште еден показател за слабост во таа партија

Пендаровски: Апелирам до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се крева реториката на меѓунационална основа

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски пред некој ден повика на формирање на семакедонски патриотски фронт, исто како во времето на режимот

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Димитриеска Кочоска: Во недостаток на понуда, Пендаровски шири лаги, го демантирам и тврдам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана