Пендаровски вечерва во полиција пријави дека некој го следи

Од:

Консензуалниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, за „А1он“ потврди дека вечерва во полиција поднел пријава дека е таргет на следење на тајна разузнавачка служба, за која, како што рече, се сомнева дека е блиска со една партија.

На прашањето дали поднел пријава, Пендаровски кратко одговори: Да, вечерва до СВР Скопје“. Од МВР за „А1он“ рекоа дека немаат информации дали по 16 часот е стигната пријавата од Пендаровски.

Кaндидатот за претседател во ТВ интервју рече дека откако било објавено дека е претседателски кандидат, го следи тајна разузнавачка служба.

„Тоа се структури врзани со една голема опозициска партија, за која имаше во јавноста извештаи дека на дневна основа прави евиденција каде одите вие, јас… Ова денеска е трета или четврта фотографија во низа во последните 10 дена. Тврдам дека станува збор за 24-часовно физично следење на мене, веројатно и на членовите на моето семејство“, изјави Пендаровски.

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, пред неколку денови го повика Пендаровски да го пријави случајот во полицијата.

Васко Маглешов 

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски