Пациенти кои одат на дијализа во ГОБ „8. Септември“ реагираат дека се оставени без превоз

Од:

Пациенти кои одат на дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје реагираат дека се оставени без превоз откако завршил договорот со такси – превозникот. Тие треба да добиваат паричен надоместок за превоз, но според Здружението на бубрежно болни „Нефрон“, од октомври не им се исплатени овие парични средства.

Душко Ѓоргиев од Здружението „Нефрон“ појаснува дека до октомври дел од пациентите користеле обезбеден такси превоз, а дел надоместок од Министерството за финансии во висина од две или четири автобуски карти, во зависност од тоа каде живеат. При крајот на октомври истекол договорот со такси превозот, а за пациентите кои го користеле, како што појаснува Ѓоргиев, им следува надоместок за превоз од страна на Министерството за финансии.

– Тие кои користеле такси, сега исто така треба да добиваат надоместок од Министерството за финансии, во зависност од местото на живеење и дали користат еден или два автобуса, појаснува Ѓоргиев.

Подвлекува дека некои пациенти доаѓаат со сопствено возило, некои користат автобус, а некои го носи фамилијата.

– Има пациенти кои поради здравствената состојба не можат да го користат автобускиот превоз. Некои од нив ги носи фамилијата, 2-3 пациенти го напуштија овој центар за дијализа и се префрлија во други центри каде што има организиран превоз. Според нашите сознанија, нема изгледи да се врати такси превозот за пациентите со дијализа кои доаѓаат во оваа болница, додава Ѓоргиев.

Според пациенти што користат паричен надоместок за превоз, доцни исплатата на овие средства.

Би можело да ве интересира

Вработена во болницата „8 Септември“ украла картичка од пациент и си пазарела

Ландов

ГОБ „8 Септември“ првпат доби ротирачки магнет: пациентите ќе се снимаат и во стоечка положба

Маја Илиевска-Пачемска

Костов: Бројот на хируршки одделенија е редуциран поради пандемијата

A1on

Во ГОБ „8 Септември“ работат само две сали за операции, вработените се закануваат дека ќе прекинат со работа

Мери Јордановска

На раце или на грб ги качуваат пациентите по скали во „8 Септември“, расипани лифтовите во поликлиниката

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Гужва и турканици пред Ковид-центарот во „8-ми Септември“

Искра Манојлоска