Во ГОБ „8 Септември“ работат само две сали за операции, вработените се закануваат дека ќе прекинат со работа

Од:

Вработените на хируршките одделенија при „ГОБ 8ми Септември“ преку писмо до медиумите се обратија до директорот Христијан Костов, поради, како што велат, долготрајниот проблем што го имаат, односно дека во болницата функционираат само две хируршки сали дневно, наместо полниот капацитет кој би бил шест сали во текот на денот.

„Јасно е дека со настанатата ситуација со пандемијата капацитетите ќе бидат намалени, но ова е под реално можно ниво и резултира со тоа што пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција. Од страна на вработените беа понудени неколку решенија за реорганизација на работата како би се постигнала поголема ефикасност но истите или не се стигнати до директорот или истиот не ги спроведува ниту предложува други решенија“, пишуваат тие.

Поради сериозноста на ситуацијата како предупредување и начин на алармирање за ситуацијата наредната недела од 27.09.2021 ќе биде прекинат елективниот хируршки програм во болницата, а пациентите кои се во животозагрозувачка состојба ќе бидат соодветно прифатени и згрижени.

„ГОБ 8ми Септември е столб на здравството во државата. Во изминативе 2 години ние сме главен КОВИД центар во државата каде што се згрижуваат најтешките пациенти од пандемијата, прифатен центар за сите хируршки пациенти од сите болници надвор од Скопје од кои голем број се на терциерно ниво а за жал по некоја необјаснета логика ГОБ 8ми Септември е сеуште на секундарно ниво. Нашите барања се да се овозможат услови во болницата за да може истата да им пружи хируршка здравствена заштита на поголем број на пациенти чии болести не исчезнуваат поради пандемијата“, велат вработените, и додаваат дека за надминување на ситуацијата постојат неколку решенија, а тие се отворени за дополнителни предлози.

Тие велат дека доколку Костов не го разгледа нивното барање и не постапи по истото, тогаш помош ќе се бара од министерот за здравство и од премиерот.

Директорот на ГОБ „8 Септември“ не одговори на нашите повици, а во врска со барањата на хируршкиот колектив на болницата.

Би можело да ве интересира

Вработена во болницата „8 Септември“ украла картичка од пациент и си пазарела

Ландов

ГОБ „8 Септември“ првпат доби ротирачки магнет: пациентите ќе се снимаат и во стоечка положба

Маја Илиевска-Пачемска

Костов: Бројот на хируршки одделенија е редуциран поради пандемијата

Мери Јордановска

На раце или на грб ги качуваат пациентите по скали во „8 Септември“, расипани лифтовите во поликлиниката

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Гужва и турканици пред Ковид-центарот во „8-ми Септември“

Искра Манојлоска

Ќерка и нејзината 81-годишна мајка ја напуштија Градската болница – се излечија од коронавирусот

А1он