Вработена во болницата „8 Септември“ украла картичка од пациент и си пазарела

Од:

53-годишна вработена во болницата „8. Септември“ во полициска саница признала дека украла картичка од пациент во болницата и купувала во повеќе продавници информира Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (16.11.2022), полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица извршиле службен разговор со С.С.(53) од скопско село, вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“. Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката. Во службениот разговор таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец ја истепал сопругата за која имал забрана за приближување

Катерина Ѓуровски

Арачиновец застрелан на семејна веселба

Катерина Ѓуровски

25-годишник силувал 81-годишна старица од струмичко

Катерина Ѓуровски

Криумчар на мигранти, бегајќи повредил двајца полицајци и удрил во наплатна рампа

Катерина Ѓуровски

Скопјанец со туѓи картички купувал на интернет, потрошил 135 илјади денари

Штипски полицајци истепале притвореник, МВР им поднесе кривични