Отворена Ски сезоната „Маврово 2015“

Од:

Ски сезоната „Маврово 2015“ денеска свечено беше отворена од страна на градоначалникот на општина Маврово-Ростуша, Мукрем Мехмеди и директорот на Ски центарот „Заре Лазаревски“ Огњан Циговски.

На отворањето присуствуваа голем број туристи-љубители на зимско рекреативните спортови.

– Среќни сме што денеска свечено ја отвораме Ски сезоната „Маврово 2015“ која е наменета за туристите за кои имаме подготвена агенда за сите генерации. Како и секоја година така и оваа имаме комплетна понуда за изнајмување на зимска опрема, тренери за обука за скијање и бордање, жичарница која директно ги носи до теренот, како и забави за младите, изјави директор на Ски центарот „Заре Лазаревски“, Огњан Циговски.

Градоначаликот Мукрем Мехмеди истакна дека општината заедно со Ски центарот се подготвени да ги дочекаат туристите.

– Патиштата се проодни, имаме доволно ресурси за да ги пречекаме сите туристи. Сместувачките капацитети речиси се полни и очекуваме успешна зимска сезона, изјави Мехмеди.

Отворањето на ски сезоната започна со промотивна цена при што  со една купена една ски карта се добива уште една гратис со забава на Бачило и пред хотел „Лоџ“.

Од останатите активности за оваа зимска сезона се издвојуваат World Snow Day што ќе биде одбележан на 18 јануари со програма за деца со бесплатна ски карта за истите, додека ден потоа е предвидена забава на Бачило. За Алпскиот куп Скади 2015 скијачите од 5 до 15 години, на 31 јануари до 2 февруари ќе уживаат на Маврово, а од 13 до 16 февруари ќе се одржи Телемарк скијањето. Денот на виното и вљубените ќе се одржи на 14 февруари, додека од 20 до 21 февруари ќе се реализира хуманитарниот велеслалом додека  традиционалниот  Мавровски меморијал ќе започне на 28 февруари и ќе трае до 1 март. За сите  припаднички на понежниот пол по повод 8 март денот на жените ќе добијат бесплатни ски карти, а ќе има организирано и забава на Бачило и диско клубот Ратрак.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски