Османи: МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на ЕУ

Од:

Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија за продолжување на нашите европски интеграции, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.

Бројните денешни консултации, според министерот, минуваат во позитивна атмосфера, во кој, како што посочува, францускиот предлог детално се анализира.

Различните групи и поединци се фокусираат на суштински прашања кои се важни за граѓаните и за идниот процес на преговори:

Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка или објаснување наведени во преговарачката рамка.

Протоколот, како и делот кој упатува на историските прашања, остануваат во сферата на билатералните односи и не се дел од Преговарачката рамка.

Одобрувањето на овој предлог ќе значи одржување на првата Меѓувладина конференција, започнување на процесот на скрининг – суштинско отворање на преговорите во полн капацитет – и тоа веднаш!

Процесот на консултации, додава, продолжува меѓу Владата и другите институции, заинтересирани групи и целокупната јавност, по што Владата ќе ја донесе конечната одлука , напиша Османи на Фејсбук

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Реакција на министерот за правда во врска со случајот на Ива Михаилова

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата