Општина Зрновци инвестира во изградба на улици и проширување на мостови

Од:

Локалната самоуправа на Зрновци инвестира околу два милиона денари за подобрување на патната мрежа во трите населени места во општината.

Парите се обезбедени од општинскиот буџет и се наменети за асфалтирање на улиците во општинскиот центар и во селото Видовиште, а ќе се работи и на проширување на еден мост на реката Зрновка.

Во моментот градежната механизација е ангажирана на изградба и тампонирање на улицата „Стамен Ангелов“ што води кон манастирот „Света Петка“ и селските гробишта во Видовиште, а во тек се подготвителните работи за реконструкција, проширување и асфалтирање на централната улица „Маршал Тито“ во Зрновци.

– Изградбата на улиците ја реализираме етапно по фази, според претходно изработен план, а главна причина се ограничените финансиски можности. Со оглед што сме една од најмалите општини во државата, остварувањето на приходите во нашата буџетска сметка оди нешто побавно, но очекуваме до крајот на годината да биде завршено асфалтирањето уште на неколку улици во Зрновци, Видовиште и Мородвис, истакна градоначалникот на општина Зрновци, Блаже Станков.

Сообраќајниот мост на реката во Зрновци досега претставуваше тесно грло, па со проширувањето на коловозната лента ќе се подобри сообраќајната безбедност, а градоначалникот Станков најави слична инвестиција и за останатите патни премини преку Зрновка.

Би можело да ве интересира

Загина 17-годишен мотоциклист од Зрновци

Жарко Настоски

Заврши изградбата на етнокуќа и регионален етнопарк во Зрновци

Ана Ололовска

Дезинфекција на јавните површини и дворовите во општините Зрновци и Чешиново-Облешево

Ана Ололовска

Три проекти се реализираат во Карбинци и Зрновци преку Програмата за рамномерен регионален развој

Драган Поповски

Пендаровски во Зрновци: Ја отворивме вратата кон деморатскиот свет, да продолжиме заедно напред, за младите да останат тука

Кривична пријава градоначалникот на Зрновци за злоупотреба на служеба должност

Ана Ололовска