Опасен медицински отпад како хемикалии, лекови, цитостатици требaле да се стерилизираат близу до погони за храна

Од:

Локација во близина на погони за производство на храна била предвидена за отворање на погон за собирање и преработка на медицински и секаков друг вид опасен отпад. По пријава на граѓани од општина Гази баба, Државниот инспекторат за животна средина утврдил недостатоци во елаборатот за кој решение издало Министерството за животна средина и просторно планирање.

Загриженоста на граѓаните била уште поголема поради информацијата дека сегашниот инвеститор Ремендис Медисон ДОО Битола е всушност наследник на фирмата за собирање и преработка на медицински отпад „Еко клуб“, во јавноста позната по нивното несоодветно постапување со медицинскиот отпад.

„Барањето беше доставено од страна на граѓани од општина Гази Баба, собрани во Иницијативен одбор за депонијата Вардариште. Елаборатот го имаа добиено преку слободен пристап до информации од јавен карактер. Имено, барателот се противи на лоцирање погон за собирање и преработка на медицински отпад и секаков друг вид опасен отпад на Кванташки пазар, во непосредна близина на погони за производство и дистрибуција на храна (месни индустрии „Солета“ и „Римес“, како и трговија со храна „ЈС Актуел“). Нивната загриженост е уште поголема поради информацијата дека сегашниот инвеститор Ремендис Медисон ДОО Битола е всушност наследник на фирмата за собирање и преработка на медицински отпад „Еко клуб“, во јавноста позната по нивното несоодветно постапување со медицинскиот отпад.“, неведуваат од ДИЖС.

Инспекторатот на Градот Скопје минатата година при увид на лице место утврди дека медицинскиот опасен отпад, наместо да се обработи на висока температура и да се уништат микроорганизмите, се меле, се товари на камиони и се фрла на комунална депонија, спротивно на законот, со што станува загадувач на градот и извор на зарази. За ова сомневање градскиот инспекторaт достави пријава до Јавното обвинителство.

Граѓаните од Гази Баба биле загрижени што овој Елаборат на фирмата за медицински отпад бил веќе одобрен со Решение за одобрување од Министерството за животна средина, па бараат поништување на Решението, за да не се случи во време на пандемија од погонот да се ослободуваат патогени и други опасни материи, поради неприменување на соодветни законски пропишани третмани на отпад.

„Државниот инспекторат изврши увид во Елаборатот за заштита на животната средина и беа утврдени сериозни недостатоци, особено бидејќи на инвеститорот му се одобрува, спротивно на закон, да врши стерилизација на хемикалии и патоген отпад. Хемикалии, лекови, вклучително и цитостатици, што со Елаборатот се предвидени за стерилизација, може безбедно да се третираат само во печки за спалување што обезбедуваат високи стандарди за животна средина, а такви нема услови да се постават на таа локација. Дополнително, на локацијата се одобрува складирање на отпадни масла што содржат полихлорирани бифенили, а овие масла се канцерогени и за нивно собирање и третман има исто така многу строги стандарди, што со Елаборатот не е обработено.“, соопштува ДИЖС.

Како што наведуваат од инспекторатот, опишаната постапка за стерилизација на медицинскиот отпад не давала информации на кој начин ќе се спречи испуштање на патогени материи во воздухот, односно не било предвидено да се вгради таканаречен ХЕПА филтер. Овој Елаборат имал и многу други недоследности кои укажувале на потребата од негово преиспитување.

Државниот инспекторат за животна средина доставил барање до Mинистерството за животна средина и просторно планирање за преиспитување на донесеното Решение за одобрување на Елаборатот, за да се зачува законитоста на постапките со кои се обезбедува здрава животна средина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

A1on

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

Стојковски: Речиси секаде се направени контроли за загадување, нема отстапки во однос на зададените параметри

Ана Ололовска

ДИЖС: Во „Дрисла“ се горел опасен отпад иако нема соодветна инсталација

Ана Ололовска

Стојковски: ДИЖС учествувал во издавањето дозвола за одложување опасен отпад на „Дрисла“

Ана Ололовска

Петровска: Зголемен обемот на надзори, поведени 43 прекршочни постапки, изречени се 36 санкции

Катерина Ѓуровски